За Нас

Добредојдовте

во La Noi вашиот омилен ритуал

Местото што заеднички го создаваме...
Приказната за La Noi се роди од нашата долгогодишна идеја за создавање нова градска приказна.
Модерно уредено место, со внимателно избрани производи....Место каде што купувањето е
посебен ритуал...Вашиот омилен ритуал....

Како La Noi
стана нашиот втор дом?

Како и секоја друга фамилија, отсекогаш сме имале потреба да имаме во близина на домот место каде што ќе купувамe секојдневни продукти. Така, решивме La Noi да го отвориме во нашата населба.

Местото со вкус
на топло печиво и мирис на кафе

La Noi е фамилијарна приказна, најголем дел од денот го поминуваме тука. Затоа, ни беше важно да биде пријатно и топло место. А ако нам ни е убаво, убаво им и е на нашите посетители. Така La Noi стана нашиот втор дом.

Се трудиме секогаш да ве поздравиме со насмевка, да ви го стоплиме ладното утро и да ви го олесниме пазарувањето.

Близина и доверба

La Nоi е наша заедничка приказна од 2020 година. Нам ни беше важно да ја создадеме заедничка близината. Затоа, понудата во La Noi секогаш е во дослух со вашите потреби.
Кај нас секогаш ќенајдете интересни празнични понуди и производи кои ретко се наоѓаат на други места, а вам ви значат. Така, ја одржуваме довербата која ни ја давате.

Кафе за носење

Уживајте во вкусното кафе каде и да сте со нашите напитоци за носење. Од класично еспресо до кремозно капучино, нашите напитоци се приготвени со внимание.

Пекара

Вкусните моменти започнуваат во нашата пекара. Секој ден ви нудиме пресни и вкусни пекарски производи. Освежете го вашиот ден со нашите уникатни вкусови и мириси, изработени со љубов и квалитетни состојки.

Свежо цеден сок

Освежете го секој момент со нашите природни сокови за носење! Направени од свежи и зрели плодови, нашите сокови нудат идеално освежување и здраво уживање каде и да сте.

Прехрамбени производи

Уживајте во изобилство на вкусови со нашата широка палета на прехрамбени производи. Нашите производи ги исполнуваат вашите вкусови и потреби. Осигурете си здрав и вкусен избор

Три апарати, безгранични можности

Со нашите апарати, приготвувањето на здрави напитоци и вкусни пецива станува едноставно и забавно. Искористете ја можноста да ги набавите овие квалитетни уреди по извонредни цени! Контактирајте нè денес за повеќе информации и нарачки.